Меланшон се проби на третото место по полуларноста меѓу француските претседателски кандидати

Париз, 12 април 2017 (МИА) - Во анкетата на „Ипсос Сопра Стерија“ за француските јавни радиодифузери Франс ТВ и Радио Франс, кандидатот за претседател на Франција на левичарската партија Непокорна Франција, Жан-Лук Меланшон првпат според популарноста се проби на третото место пред Франсоа Фијон од конзервативната партија Републиканци, јави дописникот на МИА од Париз.
Според анкетата, Меланшон ужива доверба на 18,5 отсто од анкетираните, што претставува зголемување од 4,5 процентни поени, зад Емануел Mакрон од партијата Во движење (ЕМ) и Марин Ле Пен од екстермно десничарскиот Национален фронт, со по 24 порценти доверба. Популарноста на Макрон е непроменета, а на Ле Пен напалена за еден процентен поен.
Фијон исто така има непроменета доверба од 18 отсто, додека популарноста на кандидатот на социјалистите Беноа Амон е намелана на 8 итсто, што е за четири процентни поени помалку во однос на претходната анкета спроведена од 25 до 27 март.
Никола Дупонт-Езан останува со доверба од 3,5 отсто, Филип Путу има 1,5 проценти, а Натали Арто и Франсоа Аселно со еден отсто. Жан Ласал и Жак Шеминад се на дното со 0,5, односно 0,1 проценти.
Доколку во вториот круг како што се предвидува се најдат Mакрон и Ле Пен, испитаниците со големо мнозинство би гласале за левичарскиот кандидат. Споре анкетата, Mакрон би освоил 62 проценти од гласовите, придобивајќи огромен дел од гласчите на Амон (76 отсто), но, исто така, и речиси половина од поддржувачите на Mеланшон (47 проценти) и Фијон (42 отсто).
Од оние кои имаат намера да гласаат Mеланшпон во првиот круг, речиси полоцината или 47 отсто нема да излезат на гласање во вториот круг, а 6 процнети би гласале за кандидатот на Националниот Фронт.
Од гласачите на Фијон, 26 отсто во вториот круг би ја избрале Марин Ле Пен, а 32 проценти нема да гласаат. Кај поддржувачите на Беноа Амон 22 проценти нема да гласаат, а само 2 отсто би гласале за Ле Пен.
Овие претседателски избори, чиј прв круг е закажан за 23 април, се оценуваат како едни од најнеизвесните во историјата на француската република.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...