Макрон води на претседателските избори во Франција, според излезните анкети

Париз, 23 април 2017 (МИА) - Првите проценки на резултатите од досега најнеизвесните претседателски избори ќе бидат познати меѓу 19 и 20 часот, но тие треба да се земат со голема претпазливост, бидејќи се направени врз основа на 100.000 гласачки ливчиња, додека белгиските медиуми веќе ги објавија резултатите од излезните анкети, јави дописникот на МИА од Париз.
Според, некои испитувања, објавени од белгиската телевизија РТБФ, води Емануел Макрон со 24 отсто од гласовите, а веднаш зад него Марин Ле Пен со 22 отсто.
Независниот центристички кандидат Макрон и лидерката на ултрадесничарскиот Национален фронт Ле Пен водат во првиот круг во европскиот дел на Франција, додека крајно левичарскиот кандидат Жан-Лук Меланшон води во француските прекуокеани теротирии, покажуваат резултатите ид излезните анкети.
Во европскиот дел кандидатот на републиканците Франсоа Фијон освои 20,5 отсто, а Меланшон со 18 отсто.
На гласањето во француските прекуокеански територии, кое поради временската разлика е одржано вчера Меланшон според податоците на белгиската телевизија на француски јазик освоил 27,36 отсто во Мартиник, 34,45 отсто во Сен Пјер и Микелон и 24,72 отсто во Француска Гвајана, додека Макрон води во Гвадалупе.
Белгиските медиуми ја немаат истата обврска како француските да не ги даваат проценките и испитувањата на јавното мислење пред затворањето на гласачките места.
Но сите институти за испитување на јавното мислење предупредуваат дека прецизните резултати ќе бидат познати доцна вечерва.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...