Франција: Ле Пен го поздрави „историскиот резултат“ на крајната десница

Париз, 24 април 2017 (МИА) - Лидерката на крајнодесничарскиот „Национален фронт“ Марин ле Пен, која се квалификуваше во вториот круг на претседателските избори во Франција, го поздрави „историскиот резултат“ на нејзината партија во првиот круг од изборите.
- Првата фаза, што треба да ги поведе Французите кон Елисејската палата, заврши. Тој резултат е историски, наведе Ле Пен.
Таа истакна дека во вториот круг Французите треба да направат избор меѓу „дивата глобализација“ олицетворена од нејзиниот ривал Емануел Макрон и „големата промена“ остварена од неа.
Ле Пен вети дека ќе ја заштити Франција од „притаената глобализација, што ја заплашува нашата цивилизација“.
- Резултатот е историски. Тоа ми доверува огромна одговорност да ја заштитам француската нација, нејзиното единство, нејзината безбедност, култура, напредувањето и независноста, изјави крајнодесничарската лидерка пред нејзините поддржувачи.
- Опстанокот на Франција е ставен на маса. Време е да го ослободиме францускиот народ од арогантните елити.
- Изборот е сега меѓу дивата глобализација во светот, каде терористите можат да патуваат слободно и Франција со строго чувани граници, нагласи Ле Пен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...