Самит на ЕУ за европската стратегија околу Брегзит

Лидерите на земјите-членки на ЕУ се собрани на вонреден Самит во Брисел, на кој се расправа за договор околу заедничката стратегија во преговорите со Велика Британија за Брегзит.

На Самитот учествуваат 27 земји, без Британија, која формално се уште е членка на Унијата.

Преговорите на Брисел и Лондон за раздружувањето, требаше да почнат во средината на мај, по француските претседателски избори и изборот на нов претседател на Франција, но сега се одложени најверојатно за вториот дел од јуни, по завршувањето на предвремените парламентарни избори во Британија.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави пред почетокот на денешниот Самит дека сега е најважно да единството на сите 27 земји-членки.

- Единството ќе помогне за успешно завршување на преговорите со Британците), што значи дека нашето единство е значајно и за Британија, истакна Туск.

Во писмото што Туск им го испрати на сите членки на ЕУ, пред Самитот, се вели дека прашањето на луѓето (статусот на Европејците во Британија и на Британците во ЕУ), парите (договорот за износот што Британија треба да и го плати на Унијата) како и прашањето на Ирска (границата меѓу Републиката и Северна Ирска) - се работите кои мора први да се разрешат во преговорите со Лондон.

Велика Британија сака преговорите за овие прашања да течат паралелно со преговорите за идните британско-европски односи, но сите другите во ЕУ се против таквиот начин на преговарањето.

Германија и Австрија веќе и порачаа на владата во Лондон дека за идните односи и за склучување договор за слободна трговија ќе може да се преговара дури откако овие први три прашања, наброени од Туск, ќе бидат успешно разрешени.

Канцеларот на Германија Ангела Меркел, како и австрискиот канцелар Кристијан Керн изјавија дека Лондон не би требало да има илузии околу Брегзит, порачувајќи дека Британија не може во иднина да има иста позиција и исто влијание во Европа, како што имаат земјите кои се дел од ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...