Втор круг од претседателските избори во Франција

Париз, 7 мај 2017 (МИА) - Името на новиот француски претседател, осми по ред во Петтата француска република, ќе биде познато вечерва во 20 часот, откако ќе бидат затворени и последните гласачки места во Франција, јави дописникот на МИА од Париз.

Претседател ќе биде оној кој ќе добие повеќе од 50 проценти од гласовите, Емануел Макрон или Марин Ле Пен.

Резултатот од гласањето според сите испитувања на јавното мислење не бид требало да донесат изненадување, сите претскажуваат дека победник ќе биде Макрон, останува непозната само разликата на гласови, која ќе го дели со Марин Ле Пен, канидатката на крајната десница.

Кандидатот на движењето „Напред!“ Макрон, исто така е оној на кој Французите му даваат поголем кредибилитет за да ја води земјата идните пет години. Ова е заклучокот на големото истражувањето спроведено помеѓу двата круга, пред телевизиска дебата.

Според испитување на прашањето кој од двата кандидати може подобро да ги задоволи приоритетите на Французите, Maкрон за осум прашања е пред Ле Пен (образование, долгот на државата, животната средина, развојот, даноци, станбената политика, меѓународните односи), додека Марин Ле Пен е во предност за четири прашања (невработеноста, имиграцијата, социјалната сигурност и безбедноста).

Испитаниците се изјасниле и дека Maкрон може подобро да ја претставува Франција во странство, да има мнозинство во Собранието и отелотворување на транспарентност и интегритет. Ле Пен е во предност за создавање блиски односи со нацијата и промена на нештата.

Најголемиот број од 69.245 гласачки места во Франција, беа отворени во осум часот утрово на кои ќе гласаат 45,7 милиони граѓани во Франција и 1,3 милиони француски гласачи кои живеат во странство.

Гласањето веќе заврши во една половина од прекуокеанските територии: Сент Пјер и Микелон, Француска Гвијана, Гвадалуп, Мартиник, Сен Бартелеми, Свети Мартин и француска Полинезија, како и за Французите кои живеат на американскиот континент во дипломатските претставништва.

Според испитувањата на јавното мислење секој четври французин не знае уште за кого ќе гласа меѓу Емануел Макрон и Марин Ле Пен, а се најавува дека околу 30 отсто од гласачите не планираат да се појават на гласање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...