Могерини: Ситуацијата во ЕУ не е совршена, но е можна промена

Брисел, 9 мај 2017 (МИА) - Високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска го честиташе Денот на Европа оценувајќи дека иднината на ЕУ е избор што му припаѓа на секој граѓанин и е од значење за целиот свет, но дека ситуацијата во Унијата е далеку од совршена и оти е неопходна промена.

Могерини во видео пораката објавена на интернет страницата на Европската служба за надворешни работи, наведе дека е можно подобрување.

- Во актуелното глобално опкружување, нашите пријатели ширум светот гледаат на нас, на ЕУ, како на сигурна супресила за мир и човеков развој, а можеби и единствена. Тоа не значи дека сме совршени, далеку од тоа. Промена во ЕУ е неопходна, но промената е можна и се случува, посочи Могерини.

Таа нагласи дека изборот за посилна ЕУ во светот „ни припаѓа нам“.

- Изборот за повеќе правда, повеќе безбедност и порамноправна Европа ни припаѓа на нам, на сите нас. Тоа е суштината на Денот на Европа. Не на иднината на европските институции, туку на иднината на секој граѓанин поединечно, порача Могерини.

Таа потсети дека ЕУ „наполнила“ 60 години, додавајќи оти тие се 60 години мир, заштита на работниците и можност за работа, години на слобода и права.

- Иднината на ЕУ не е нешто што сме наследиле од нашите предци, туку ЕУ е вредност во кои веруваме, партнерството што го градиме во светот, огледало на нашето европско општество, посочи Могерини.

Таа нагласи и дека ЕУ е тоа што Европејците ќе направат од нејзе.

- Ние ја црпиме силата од заедништвото, бидејќи заедно можеме да се носиме со предизвиците на денешницата, истакна Могерини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...