Лабурист ја обвини својата партија дека е „опседната со Карл Маркс“

Лондон, 9 мај 2017 (МИА) - Британскиот пратеник Сајмон Данчук ја напушти Лабуристичката партија, чиј член е долги години, откако го обвини актуелното левиччарско раководство дека е „опаседнато со Карл Маркс“ и дека отстапило од досегашната социјалдемократска традиција.
Данчук, кој е остар критичар на лабуристичкиот лидер Џереми Корбин, претходно беше симнат од листата на кандидати на лабуристите за претстојните предвремени парламентарни избори, иако на изборите во мај 2015 година во својата изборна единица во Рокдејл извојува уверлива победа.
Пред две години тој беше суспендиран од партијата, поради едно сомнителни и недокажани обвинувања за „сексуално вознемирување“ на малолетничка.
Против него немаше никакво официјално обвинение, па Данчук остана член на Долниот дом на Парламентот, дествувајќи како независен пратеник, иако што не ја напушти Лабуристичката партија.
Сега тој го обвини Корбин и раководството дека вршеле притисок врз гласачите во Рокдејл да гласаат за новопредложениот кандидат, која е советничка на актуелниот партиски лидер.
Не е јасно дали Данчук ќе се кандидира како независен на изборите на 8 јуни, но тврди дека неговата досегашна партија е длабоко „пропадната“ во левичарењето и се соочува со тежок пораз.
Данчук за Џон Мекдонел, кој е еден од новите предводници на партијата и министер за финансии во Владата во сенка, тврди дека е „опседнат со Маркс, со придобивките на комунизмот и со наследството на Сталин“.
- Актуелното лабуристички раководство нема никакво чувство за новото време, ниту е во допир со денешна модерна Британија, изјави Денчук за лондонските медиуми.
Последните анкети покажуваат дека Тереза Меј и незините конзервативци ја зголемуваат предноста пред лабуристите на Корбин, која сега изнесува 22 отсто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...