Анкета: Партијата на Макрон ќе освои мнозинство на парламентарните избори во Франција

Париз, 25 мај 2017 (МИА) - Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон ќе освои приближно една третина од гласовите на парламентарните избори во јуни и ќе си обезбеди солидно мнозинство, покажува анкетата на Француаскиот институт за истражување на јавното мнение и консултантската компанија „Фидусијал“ за списанието „Пари мач“, пренесуваат британските медиуми.
Партијата на Макрон, „Републиката напред“, ќе освои 31 процент од гласовите во првиот круг од изборите на 11 јуни. При последната анкета, што беше направена на 4-5 мај, пред Макрон да биде избран за претседател, прогнозите беа дека партијата ќе освои 22 проценти.
Конзервативната партија „Републиканци“ ќе освои 19 проценти, крајнодесничарскиот Национален фронт ќе освои 18 проценти, крајнолевичарската партија „Непокорна Франција“ ќе осволи 15 проценти, а Француската социјалистичка партија едвај седум проценти.
Тоа ќе биде многу под освоените 29,5 проценти на социјалистите на минатите парламентарни избори од 2012 година, кои на нив и нивните сојузници им обезбедија мнозинство во Парламентот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...