Туск ги повика државите од Г-7 да ја реафирмираат политиката на санкции против Русија

Таормина, 26 мај 2017 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ги повика денеска сите членки на Г-7 да ја реафирмираат политиката на санкции против Русија, поради Украина.
- Од последната средба на Г-7 во Јапонија не гледаме ништо, со кое ќе се оправда политиката на промена на санкциите. Затоа ги повикуваме сите членови на Г-7 да ја реафирмираат таа политика, рече Туск на прес-конференција пред отворањето на самитот на Г-7 во Таормина, Сицилија.
Против Русија има воведено меѓународни санкции поради анексијата на Кримскиот Полуостров и поддршка на проруските сепаратисти во Источна Украина.
Прашањето за укинување на санкциите често пати е покренувано. Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон сепак изјави неколку пати дека санкциите ќе останат во сила, откако целосно ќе се имплементираат спогодбите од Минск.
- Нема сомнение дека ова ќе биде еден од најкомплексните самити на Г-7, бидејќи на агендата има многу предизвици, со оглед на тоа дека некои од учесниците имаат многу различни ставови на теми на климатските промени и трговијата, рече Туск.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...