Русија се закани со одмазднички мерки по пристапувањето на Црна Гора во НАТО

Москва, 6 јуни 2017 (МИА) - Откако Црна Гора стана 29-та членка на НАТО, Русија се закани со одмазднички мерки.

- Во светлината на непријателскиот курс, избран од црногорските власти, Русија го задржува правото да преземе одмазднички мерки на реципрочна основа, реагираше руското Министерство за надворешни работи.

Министерството аргументираше дека „во политика, како и во физиката, секоја акција има реакција“.

Црна Гора носи „целосна одговорност“ откако се присоедини кон санкциите на Еворопската унија против Русија во 2014 година, нагласи руското Министерство за надворешни работи.

Некогаш Русија беше клучен сојузник и водечки инвеститор во Црна Гора. Но, односите меѓу двете земји се влошија откако Подгорица аплицираше за членство во Алијансата.

Во октомври минатата година, црногорските власти ја обвинија Русија за обид за државен удар и за доведување на власт на проруската опозиција. Кремљ ги отфрли тие обвинувања како „апсурдни“.

Во Вашингтон заменик-државниот секретар на САД Томас Шенон ја пофали Црна Гора дека го „искористила сувереното право да избира свои сојузници, и покрај тоа што е исправена пред притисок од други земји“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...