Коломб: Напаѓачот од Париз извикувал „Ова е за Сирија“

Париз, 6 јуни 2017 (МИА) - Мажот кој попладнево се обиде да нападне полицаец на плоштадот пред црквата Нотр Дам во Париз, при нападот извикал; „Ова е за Сирија“, соопшти вечерва францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб.

Напаѓачот, кој се обидел со чекан да го нападне полицаецот, при што бил застрелан од друг полицаец, е ранет во пределот на градите, по што е пренесен во болница, но засега нема информации за неговата здравствена состојба.

Нападнатиот полицаец е полесно повреден.

Коломб информира дека при претресот на напаѓачот кај него биле пронајдени и кујнски ножеви, како и лична карта на име на студент од Алжир.

Сведок на настанот изјави дека слушнал силни викотници, по што уследила раздвиженост на толпа. - Луѓето беа во паника. Слушнав два истрели. Видов човек легнат на земја, со крв насекаде, изјави очевидецот на нападот.

Истрага за нападот започна Одделот за борба против тероризмот при париското Јавното обвинитество во соработка со полициските оддели за справување со криминалот и за антитероризмот и со Дирекцијата за внатрешна безбедност. Примарна цел на истрагата е утврдување на мотивите за нападот.

Веднаш по инцидентот полицијата го блокира реонот, но набрзо на сите туристи што се затекнаа во Богородичната црква им беше дозволено да си заминат, откако беше проверен нивниот идентитет.

Париската префектурата побара од турстите и локалните жители да го избегнуваат реонот на нападот, кој е еден од најпосетуваните во Европа. Годишно црквата Нотр Дам ја посетуваат над 13 милиони туристи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...