Напаѓачот пред Богородичната црква во Париз е студент по новинарство

Париз, 7 јуни 2017 (МИА) - Истрагата за нападот кој се случи во вчера попладнето врз полицаец пред Нотр Дам, во срцето на Париз, се фокусира на профилот на напаѓачот, ранет во градите и хоспитализиран од возвратниот оган на полицијата.
Како што јавува дописникот на МИА од Париз, напаѓачот, на возраст од 40 години, кој го нападна полицаецот со чекан, тврди дека е „војник на калифатот", термин кој се користи за да се опише самопрогласениот калифат во јуни 2014 година од организација на џихадистите на Исламската држава, според извори блиски до истрагата.
Човекот, кој исто така имаше два кујнски ножеви со него, извикуваше „Ова е за Сирија", кога тој го уди полицаецот, изјави министерот за внатрешни работи Жерар Коломб.
Напаѓачот носел документи на име на Фарид И., роден во Алжир во јануари 1977 година и регистриран од 2014 година, како докторант по информации на Универзитетот во Лорена во Мец.
„Тој се претставуваше како алжирски студент, според идентификациската карта, на која треба да се провери автентичноста", изјави министерот за внатрешни работи.
Нападнатиот полицаец, на возраст од 22 години е полесно повреден во пределот на вратот, а тој, исто така, е хоспитализиран, изјави еден полициски извор.
Пребарувањето кое беше спроведено синоќа во студентскиот дом во Сержи парискиот регион, каде што напаѓачот живеел, според француските медиуми дозволило да се најде видео, во кое се гледа како тој полага заклетва за Исламската држава.
Испрашувани од страна на АФП, повеќето станари на студентскиот дом, изјавиле дека тие не го знаат напаѓачот. Само еден рекол дека тој бил „дискретен", кој „живеел таму една година и пол или две години."
- Тој не беше исламист со голема брада. Носеше панталони и јакна, повеќе во стил на професор, како разумен човек, рече лицето, кое сакало да остане анонимно.
Нападот се случи во 4:20 попладнето, во еден од најпосетените делови на Париз и една од главните туристички атракции.
Франција беше мета на невиден бран на џихадистичките напади од 2015, од кога се забележани 239 мртви, по што властите и населението, живеат во страв од нови напади, иако Франција е под режимот на вонредна состојбата по нападите од 13 ноември 2015 година.
Нападот се случи пет дена пред првиот круг од парламентарните избори, кој е закажан за в недела.
Очевидец изјавил дека слушнал „силни врескања“ и видел „многу движење“. „Луѓето беа во паника, слушнав два истрели, видов еден човек како лежи на земјата, крв насекаде", додаде тој, без да се открие неговото име.

Катедралата Нотр Дам, кој се наоѓа во срцето на туристичкиот Париз, е еден од најпосетените споменици во Европа, со 13 милиони посетители годишно.
Над илјада луѓе биле затворени во внатрешноста на верски објект, според портпаролот на споменикот. Полициски извор, пак, проценува помеѓу 300 и 450 е бројот на луѓе кои биле затворени во катедралата.
На барање на полицијата, помошен епископ на Париз,бискупот Ерик де Мулан Бофор, побара од луѓето во соборната црква да ги подигнат рацете пред полицијата за да спроведе претрес, наведе портпаролот на катедралата.
Нападот се случи три дена откако по последниот напад во Велика Британија, за кој одговорноста ја презеде Исламската држава.
Во Франција, последниот напад исто така беше се насочен кон безбедносните сили, кога беше убиен полицаец на Шанзелизе на 20 април.
Во септември 2016 година, властите затворија џихадистичка група на жени кои подготвувале напад со автомобил-бомба, во близина на Нотр Дам преполна со боци со гас и дека подготвувале друг „неизбежен" напад врз полициски станииа во Париз или Есон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...