Лондон, 14 јуни 2017 (МИА) – Околу 200 пожарникари со 47 возила се борат со огромен пожар во станбена зграда која има 27 катови што се наоѓа во западниот дел од Лондон.
- Во зградата позната како Гренвел тауер во реонот Северен Кансингтон се наоѓаат луѓе и во моментот се спроведува нивна евакуација, соопшти полицијата.
Засега само на две лица им е укажана лекарска помош, а реонот е отцепен од полицијата. Би-Би-Си јави дека на покривот на зградата има голем број луѓе кои таму се блокирани и чекаат помош.