Меј нареди да се спроведе целосна истрага за пожарот во Лондон

Лондон, 15 јуни 2017 (МИА) - Британската премиерка Тереза Меј нареди денеска да се спроведе целосна истрага за пожарот што се случи во кулата Гринфил во Лондон, при што досега загинаа најмалку 17 лица.

- Сега народот сака одговори и поради тоа денеска наредувам целосна истрага за оваа катастрофа. Мораме да знаеме што се случило мораме да имаме објаснување. Луѓето заслужуваат одоговори, а оваа истрага ќе им го даде тоа, нагласи денеска Меј.

Билансот на жртви денеска стигна до 17, а лондонската полиција стравува дека може да биде и поголем.

- За жал можам да потрдам дека бројот на жртви сега е 17, наведе денеска командантот на лондонската полиција Стјуарт Канди.

Тој прецизираше дека се хоспитализирани 37 лица, од кои 17 се во критична состојба.

Лондонските пожарникати наведоа дека „би било чудо да се пронајде некое лице живо“.

Комесарот на пожарникарска служба во Лондон Дени Котон изјави дека пожарникарите не успеале да спроведат целосно пребарување во 24-катницата бидејќи не е безбедно да се движат по ивиците на зградата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...