Меркел: ЕУ едногласно ги продолжи санкциите кон Русија

Брисел, 23 јуни 2017 (МИА) - Учесниците на самитот на Европска унија едногласно ги продолжија економските санкции кон Русија, изјави синоќа во Брисел германската канцеларка Ангела Меркел.

- Ние со (францускиот претседател) Емануел Макрон рефериравме за текот на Процесот од Минск и за работата на Нордиската четворка. Но, за жал сме принудени да констатираме дека не е забележан голем напредок. Примирјето постојано се прекршува и затоа недостига основа за продолжување на политичкиот процес. Во таква ситуација сите едногласно се согласија дека е нужно да се продолжат санкциите, посочи Меркел.

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на руската Дума, Леонид Слуцки продолжувањето на санкциите од страна на ЕУ поради неисполнување на обврските од Договорот од Минск ги оцени како апсурдни.

И САД соопштија дека се вознемирени од насилството на сепаратистите во источна Украина.

Портпаролката на Стејт департментот Хедер Наварт изјави дека на 20 јуни претставници на специјалната мониторинг мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) биле малтретирани, заплашувани и дури било пукано врз нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...