Претседателот на ПССЕ исклучен од Европската народна партија

Стразбур, 28 јуни 2017 (МИА) - Пратеничката група на Европската народна партија (ЕПП) при Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска го исклучи од своите редови претседателот на Асамблејата, Педро Аграмунт.
Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, според извори во партијата. за исклучувањето на Аграмунт гласале 30 членови на групата, а само тројца биле воздржани.
Исклучувањето на 65-годишниот шпаснки сенатор Аграмунт од неговата матична политичка група во која членува од 2000 година, доаѓа по скандалот поврзан со неговата контроверзана посета на Сирија.
Членовите на Парламентарното собрание на Советот на Европа во април му изразија недоверба на Аграмунт и организираа негово јавно сослушување, по што тој повеќе претседаваше со заседанијата на ПССЕ.
Бирото на ПССЕ во исто време му изрази недоверба Аграмунт, забранувајќи му да дава изјави во името на Собранието.
ПССЕ на вчерашната пленарната седница одлучи да го промени својот деловник по итна постапка со овозможува отповикување и одземање на мандатите на негови членови или на избрани функционери, доколку со своите постапки ги загорзиле институционалната одговорност и угледот на институцијата.
Во Резолуцијата, усвоена врз основа на извештајот на швајцарската пратеничка Лилијан Маури Паские, се појаснува дека оваа постапка нема казнен карактер и дека се однесува „само на истакнати функции“, односно претседателот и попретседателот на Парламентарното собрание, како и на претседателите и потпретседателите на собраниските комисии.
Сега, Собранието може да разреши избран функционер со образложение дека „веќе не ја ужива довербата на Собранието“ или не ги исполнува условите за вршење на должноста, како и ако изврши тешко кривично дело или серозни или повеќекратно ги прекршува одредбите од кодексот за однесување за членовите на Парламентарното собрание.
Резолуцијата стапи во сила веднаш по нејзиното донесување, со ПССЕ ќе може да го разреши актуелниот претседател Аграмунт, што досега не е забележано во историјата на Советот на Европа.
Овај скандал е придружен со друга афера наречена „Кавијаргејт“, за наводна корупција на сегашни или поранешни членови на ПССЕ, за што е назначена посебна надворешна експертска група од меѓународни ексерти, кои ќе треба да изготват извештајат за обвинувањата кои се појавија во повеќе медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...