Полскиот Сенат ја одобри спорната реформа на Врховниот суд

Варшава, 22 јули 2017 (МИА) - Горниот дом на полскиот Парламент - Сенатот, во кој доминираат конзервативците, во текот на ноќта ја одобри спорната реформа на Врховниот суд и покрај предупредувањата на ЕУ, повиците на Вашингтон и масовните улични протести низ земјата, пренесоа француските медиуми.
Законот, што во средата беше усвоен во Долниот дом, ноќеска беше поддржан од 55 сенатори наспротив 23 против. Двајца сенатори се воздржаа од гласање.
За време на дебатата, што траеше цели 15 часа, илјадници демонстранти од цела Полска демонстрираа против законот, со кој се засилува политичката контрола врз Врховниот суд.
По гласањето демонстрантите кои беа пред Парламентот почнаа да скандираат „Внимание“, „Предавници“ и „Демократија“.
Околу 200 демонстранти се собраа и пред летната резиденција на полскиот претседател Анджеј Дуда во Јурата, на Балтичко Море, за да го повикаат да не го потпишува законот.
За да влезе во сила, законот треба да биде потпишан и од Дуда, кој прифати во понеделник, на 24 јули, да се сретне со претседателката на Врховниот суд, Малгожата Герсдорф.
Шефот на државата располага со рок од 21 ден за да го стави својот потпис под него, да стави вето врз законот, или доколку има сомневања - да го испрати пред уставниот суд.
Уште два закона за судски реформи, изгласини на 12 јули, очекуваат потписи од шефот на државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...