Русија испрати полицајци во јужните безбедносни зони во Сирија

Москва, 25 јули 2017 (МИА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека испратило воени полцајци како набљудувачи во „зоните за деескалација“ во јужна Сирија.
Полициајцире се испратени во источна Гута, недалеку од главниот град Дамаск, како и во област на крајниот југозапад на земјата.
Ова е првпат странски персонал да биде употребен за спроведување на договорот за воспставување „безбеднсни зони“, што Русија го постигна со Турција и Иран.
Во поголемиот дел од сириската војна реонот на источна Гута претставуваше силно упориште на бунтовничките сили. Тие јавно досега не го потпишаа овој договор, што треба да обезбеди деескалација на судирите.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал Сергеј Рутској изјави дека рускиот полициски контингент има одредено два контролни пункта на кои ќе бидат распоредени полицајци, како и уште десет набљудувачки локации на линијата на фронтот меѓу сириските сили и бунтовниците во два реони.
Рутској откри дека Израел, кој се граничи со овие реони во југозападниот дел од Сирија, претходно бил информиран за рзместувањето на руските полицајци.
Израел се противи на можноста руски воени полицајци да патролираат во зони близу до израелската граница, затоа што стравува дека нивното присуство би можело да биде искористено како параван од страна на милитантите на Хезболах и на другите проирански милитатнтни групи, сосема да се приблиажат до израелските гранични линии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...