Единбург го обвинува Лондон за „атак врз деволуцијата“ на Шкотска

Единбург, 9 август 2017 (МИА) - Шкотскиот владин Кабинет ја обвини Владата на Велика Британија дека со предложениот закон за враќање на овластувањата од Брисел на Лондон во процесот на Брегзит, се врши „директен атак“ врз деволуцијата на Шкотска.

Според законот за деволуција, односно префрлањето на овластувањата од британскиот на шкотскиот Парламент, донесен во 1997 година и прифатен со големо мнозинство на референдумот во Шкотска, Владата во Единбург доби широки овластувања и целосно контрола врз сите области, освен во одбраната и надворешната, фискалната и даночната политика.

Шкотската прва министерка Никола Старџен и нејзнините министри, меѓутоа, сега тврдат дека ваквата поставеност на Шкотска во Обединетото Кралство и деволуцијата се „доведуваат во прашање“ со Брегзит.

Шкотските политичари обвинуваат дека британската Влада по излегувањето на Велика Британија од ЕУ, сака да ги преземе речиси сите овластувања што сега му ги има пренесено на Брисел, вклучувајќи ги и оние за рибарството, земјоделскиот сектор и животната средина, на кои претендира Единбург.

Според објаснувањата од Владата на Тереза Меј, по Брегзит ќе биде потребно да се примени еден „себритански систем“, уверувајќи ги Шкотланѓаните дека Шкотска подоцна ќе добие низа овластувања што сега ги нема.

Во Единбург се скептични кон ваквите британски уверувања и обвинуваат дека Лондон го користи Брегзит за да ја преземе контролата врз низа сектори од политиката и економијата, кои сега се опфатени со деволуцијата.

- Тие сега сакаат да ја имаат контролата и врз поддршката за шкотските фармери и производители на храна, на низа аспекти на заштититата на животната средина, како и контролата врз нашето море, изјави денеска шкотскиот министер за Брегзит Мајкл Расел.

Тој најави дека Шкотска, заедно со Велс, ќе се спротивстават на планот на британската Влада да го „протурка“ законот, кој, според него. е против воспоставената деволуција од пред 20 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...