Се подготвува првата историска посета на папата Франциско на Русија

Рим, 9 август 2017 (МИА) - За време на својата посета на Москва, од 20 до 24 август, државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, ќе го разгледа прашањето за евентуална официјална посета на папата Франциско на Русија, се навестува од неговото интервју за весникот „Кориере дела сера“.
Тоа би била прва посета на поглавар на Римокатоличката црква на Русија, пренесува Танјуг.
Паролин, десната рака на папата и шеф на ватиканската дипломатија. во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со високо позиционирани руски свештеници, вклучувајќи го и поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил.
- Во овој историски момент, кога стануваме сведоци на зголемување на тензиите и конфликтите во различни делови на светот, за папата Франциско и за мене лично мирот е јасен и незаобиколив приоритет, рече Паролин.
„По периодот на идеолошко спротивставување, што очигледно не може да се надмине од денес за утре, и со новите отворени хоризонти по завршувањето на Студената војна, важно е да ги искористиме сите можности, за да го поттикнеме взаемното почитување, дијалогот и соработката, а на овој начин ќе содејствуваме за мирот“, додаде тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...