Американец натепан во Дрезден откако во бар употребил нацистички поздрав

Дрезден,14 августн 2017 (МИА) - Еден Американец бил полесно повреден во инцидент во бар, во Дрезден, затоа што користел нацистичкиот поздрав, соопшти локалната полиција.

Американецот, чиј идентитет не се открива, бил удрен со тупаници по лицето и се здобил со повреди по главата. Биле повикани полицијата и единица на брзата помош, но човекот не бил префрлен во болница.

Според полициското соопштение, станува збор за 41-годишен американски турист, за кого се вели дека бил пијан „уште во претпладневните чесов“,„ кога во барот поздравувал онака како што тоа се правело во времето на нацистичка Германија и во текот на Втората светска војна.

Тој не ги употребувал зборовите „Хајл Хитлер“ кои редовно се користеле, но поздравувал со истакнување на десната рака, напрад, што во тоа време ја означувало лојалноста кон нацистичкиот режим.

Веднаш потоа добил тупаници по лицето, но полицијата не открива ниту зашто Американецот почнал да поздравува како што тоа го правеле нацистите, ниту кој го натепал.

Користењето на сите ознаки од времето на нацизмот, како и поздравувањето и величењето на режимот на Хитлер, во Германија е забрането и се казнува.

Случајот е пријавен на Обвнителството кое треба да одлучи дали ке покрене формално обвинување против Американецот.

Минатата недела, двајца кинески туристи беа уапсени, откако го користеле забранетиот поздрав пред зградата на германскиот Парламент во Берлин. Двајцата беа обвинети, а судот ги осуди да платат по 500 евра казна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...