Активисти за Брегзит бараат „отповикување“ од Парламентот за министерот за финансии Хамонд

Лондон, 16 август 2017 (МИА) - Активисти во кампањата за Брегзит, покренале иницијати за „отповикување“ на британскиот министер за финансии Филип Хамонд од функцијата пратеник во Парламентот, обвинувајќи дека е „дел од заговорот“ со кој Британија би останала и понатаму членка на ЕУ.

Покрај за Хамонд, ваква „казна“ се бара и за министерот за внатрешни работи Амбер Рад, за која се вели дека и таа е дел од скриениот план да не се реализира волјата на гласачите на ланскиот референдум за ЕУ.

Според телевизија Скај, станува збор за група „тврди“ приврзаници на Брегзит, меѓу кои има и приврзаници и донатори на десничарската, антиевропска Партија за независност на Обединетото кралство (УКИП).

Групата има изготвено специјално писмо кое ке биде испорачано до сите гласчи од изборната единица на министерот Хамонд, како и онаа во која е избрана Рад, за да овие двајца високи владини министри бидат тргнати од Парламентот.

Барањето за „отповикување“ доаѓа во време на продолжена криза во владата на Тереза Меј околу излезната стратегија во процесот на Брегзит и на одтворени поделби меѓу министрите.

Хамонд од почетокот предупредува на заканата за домашната економија и Британците доколку се спроведе „тврд“ Брегзит, инсистирајќи дека во едно такво сценарио, Британија ризикува бегство на инвестициите.

Овој министер прв сугерираше „период на транзиција“ за приспосубување на домашната економија на осамстојувањето од ЕУ и за смирување на стравот кај инвеститорите.

На почетокот беше критикуван за таа идеја, но сега изгледа дека сите министри ја прифатија.

Неговите предлози за продолжување на транзицијата додека не се создадат потребните услови, не беа прифатени, па сега се зборува само за периуод од најмногу три години, до следните редовни избори, во мај 2022 година.

Хамонд сепак останува да се третира како министер кој „не сака излегување на Британија“, од ЕУ, а такво мислење постои и за Амбер Рад.

Од „тврдите“ брегзитери таа е обвинета поради изјавата дека и по излегувањето од ЕУ, европските државјани би можеле слободно да влегуваат и да работат во Британија.
Филип Хамонд и Амбер Рад се меѓу кандидатите за наследник на Тереза Меј, доколку таа не остене на функцијата.

Таа е остро критикувана за неуспехот на изборите од 8 јуни и за загубеното мнозинство во Долниот дом, при што за Хамонд се оние кои се нарекуваат „еврофили“ а Рад ја подржуваат ториевците кои се залагаат за „умерен“ Брегзит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...