Во нападот во Барселона повредени и усмртени се државјани на 24 земји, еден е Македонец

Барселона, 18 август 2017 (МИА) - Шпанските власти синоќа јавија дека во атентатот во центарот на Барселона биле убиени и повредени државјани од 24 земји.

Според првичните информации, на кои се повикува БТА, меѓу настраданите има државјани на Франција, Германија, Шпанија, Холандија, Аргентина, Венецуела, Белгија, Австралија, Тајван, Хонг Конг, Унгарија, Перу, Северна Ирска, Грција, Куба, Македонија, Кина, Италија, Романија и Алжир.
Македонското Министерство за надворешни работи синоќа соопшти дека до 20:30 часот немаше информации за повредени македонски граѓани во нападот во Барселона.
- Земајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата, во моментов е отежната комуникацијата со релевантните институции но македонската амбасада во Шпанија прави напори да добива редовни и прецизни информации за настанот и можноста за евентуални повредени македонски граѓани, наведе МНР во соопштението.
Шефот на каталонската полиција, Луис Траперо, изјави дека две лица се приведени за учество во нападот во Барселона - еден Мароканец и еден шпански државјанин од шпанската енклава Мелила, во северна Африка. Полицијата за ниту еден од нив досега немала отворено досие за поврзаност со тероризам.
Полицијата интензивно трага по трето лице, претпоставениот возач на минибусот, што синоќа на фрекфентната туристичка улица „Ла Рамбла“ во Барселона прегази и повреди над 100 лица, од кои 13 починаа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...