Во Италија има 32.000 бизниси на албански емигранти

Тирана,19 август 2017(МИА) – Унијата на италијанските трговски комори, соопшти дека албанските емигранти кои живеат во Италија поседуваат околу 32.000 бизниси.
Во извештајот на Унијата, во врска со состојбата на претпријатијата, каде сопственици се странци, се наведува дека во земјата има повеќе од 580.000 бизниси во сопственост на странци.
- Според бројот на бизниси, каде сопственици се странци, Албанците се на четврто место. Тие најчесто се занимаваат со трговија и градежништво. Најмногу бизниси имаат државјаните на Мароко (над 68.000).Веднаш по нив се Кинезите (51.000) и Романците (49.000), јави тиранската телевизија Топ чанел.
Бројката од 32.000 бизниси, со кои располагаат албанските емигранти во Италија, е речиси 20 отсто од вкупните активни бизниси во Албанија.
Инаку, официјалните податоци на италијанскиот институт за статистика потврдуваат дека во оваа земја живеат околу 450.000 албански државјани. Добар дел од нив, посебно оние кои емигрирале по деведесеттите години од минатиот век, сега се бизнисмени, со што станаа една од најактивните заедници во економскиот живот на Италија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...