Русија подготвува најголема воена вежба од крајот на Студената војна

Лондон, 24 август 2017 (МИА) - Русија ја подготвува најголемата воена вежба уште од времето на Студената војна, насловена „Запад 17“, а парадата на руските воени сили внимателно ќе биде следена од страна на НАТО алијансата, во атмосфера на зголемени тензии на релацијата Исток-Запад, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“.
Западните претставници и аналитичари проценуваат дека во вежбите, кои следниот месец ќе бидат одржани во Белорусија, во областа Калињинград, како и на самата територија на Русија, можно е да учествуваат до 100.000 војници.
Претставниците на Москва, меѓутоа, тврдат дека бројот на учесниците во вежбите ќе биде значително помал.
Руските власти порачуваат дека воените вежби „Запад 17“ се планирани одамна и дека таков вид на воено вежби се реализира на секои четири години, па поради тоа тие не претставуваат никаква реакција на американските санкции.
Воените вежби „Запад 17“ ќе се одржат од 14 до 20 септември, а се случуваат во време на затегнати односи меѓу Русија и САД.
Од канцеларијата на НАТО во Брисел соопштија дека не планираат да рагираат на маневрите на руската војска со распоредување на дополнителни трупи долж руската граница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...