Над 20.000 лица се евакуирани поради закани од бомби во Москва Москва, 19 септември 2017 (МИА) - Во речиси 30 згради кои се наоѓаат во Москва и три руски региони - Московска област, Ростовска обласи и Јамал, беа добиени анонимни дојави за поставени бомби, поради што над 20.000 лица се евакуирани. - Добивме закани за бомби во 27 згради - десет административни канцеларии, 14 трговски центри, два ресторани и едно училиште, наведе извор од руската полиција, јави ТАСС. Се уште трае истрагата во објектите.
|