ОН бараат истрага за полициското насилство во Каталонија

Обединетите нации повикаа на непристрасна истрага на вчерашното насилство во шпанскиот регион Каталонија, каде полицијата се обиде со сила да го спречи одржувањето на референдум за независност.

- Длабоко сум вознемирен од насилството во Каталонија во неделата. Имајќи предвид дека стотици лица се повредени, ги повикувам шпанските власти да обезбедат детална, независна и непристрасна истрага за сите акти на насилство. Полициската реакција мора во секое време да биде пропорционална, изјави високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Раад ал Хусеин.

Близу 900 лица беа повредени во судирите, а од нив двајца се во критична состојба.

Ал Хусеин рече дека сите отворени прашања треба да се решаваат низ политички дијалог, со почитување на човековите права. Тој воедно ја повика шпанската Влада да дозволи итна посета на Каталонија од страна на експерти за човекови права на Обединетите нации. Експерти на ОН побарале дозвола да ја посетат Каталонија уште минатата недела, но се уште не добиле одговор од властите во Мадрид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...