Се уште е неизвесно што Пуџдемон ќе изјави пред каталонскиот Парламент

Портпаролот на каталонската Влада, Хорди Туруљ одби да открие детали за тоа што каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон ќе изјави во денешното обраќање пред Парламентот.



- Тоа се многу силни и импресивни моменти, истакна Туруљ.
Се претпоставува дека Пуџдемон ќе прогласи независност во говорот пред каталонските пратеници, но Туруљ не откри што ќе содржи пораката.

Портпаролот на каталонската Влада зборувајќи за регионалната економија посочи дека е здрава и покрај „егзодусот на фирми“, кои своите седишта ќе дислоцираа од Каталонија.

- Тие кои сакаат да предизвикаат тревога, грешат. Регионалната економија е многу повеќе од  неколку компании. Како што заминаа, така и ќе се вратат, посочи Туруљ.

Во меѓувреме портпаролот на шпанската Влада, Иниго Мендес де Виго апелираше до Пуџдемон да не презема неповратни акции.

- Сакам да го замолам господинот Пуџдемон да не презема ништо неповратно, да не оди по пат од кој нема враќање назад, да не прогласува еднострана независност и да се врати на легалитетот, посочи де Виго.
Тој додаде дека Европа нема да ја прифати независноста на Каталонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...