Јурова: Европскиот налог за апсење е најкористениот инструмент на ЕУ

Брисел, 17 октомври 2017 (МИА) - Европската комисија денес објави прирачник за поддршка на судските власти за подобро искористување на Европскиот налог за апсење (ЕАД), со цел подобрување на борбата против прекуграничниот криминал.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, еврокомесарката за правда, потрошувачи и родова еднаквост Вера Јурова, денес го презентираше овој прирачник, истакнувајќи дека „Европскиот налог за апсење е приказна за успех и драстично го скратува времето кога криминалците ќе бидат префрлени од една земја-членка на ЕУ во друга“.

Според еврокомесарката Јурова, овој налог овозможува ваквите криминалци да бидат изведени пред лицето на правдата во земјата каде што тие го извршиле злосторството, додавајќи дека „поефикасна соработка меѓу органите на правдата ќе ја подобри безбедноста во Европа“.

Инаку, од неговото лансирање во 2004 година, Европскиот налог за апсење е најкористениот инструмент на Европската унија за судска соработка во областа на кривичната материја, со 16.144 европски налози за апсење издадени во 2015 година.

Европскиот налог за апсење дозволува брза екстрадиција, на пример, како што беше случајот со терористот Салах Абделслам што учествуваше во нападите во Париз, а беше уапсен во Брисел, како и со бандата вооружени разбојници што ги бара Италија, чии членови беа уапсени во шест различни земји на ЕУ.

Овој прирачник на Унијата дава серија совети и препораки за да им се помогне на судиите и практичарите кога издаваат или извршуваат европски налог за апсење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...