Хашкиот суд ќе ја објави пресудата за Ратко Младиќ на 22 ноември

Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија денеска соопшти дека пресудата за поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, ќе ја објави на 22 ноември.

Обвинителството на Трибуналот го товари Младиќ за злосторства извршени во текот на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.

Попрецизно, во обвинителниот акт, тој се товари за геноцид, прогон, истребување, убиства, депортации, присилно преселување, терор, незаконски напади врз цивили, земање заложници, злосторства против човештвото и прекршување на законите и обичаите на војување.

Пресудата треба да ја изрече Судски совет предводен од судијата Алфонсо Оријео.

Станува збор за првостепена пресуда на која ќе може да се жалат и Хашкото обвинителство и одбраната на Младиќ.

Во завршното обраќање пред Судот кон крајот на минатата година, Хашкото обвинителство побара доживотна казна затвор за Младиќ, со образложение дека секоја друга пресуда би претставувала „навреда за жртвите - живи и мртви и навреда за правдата“. Од друга страна, одбраната на Младиќ побара негово ослободување од обвиненијата,

Младиќ беше уапсен во мај 2011 година во околината на српскиот град Лазаревац по 12-годишно криење, по што Белград му го предаде на Трибуналот во Хаг. Судскиот процес против Младиќ започна во мај 2012, а заврши лани во декември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...