Доверлив документ на Владата на Ирска: Велика Британија е конфузна и хаотична

Официјални претставници на Европската унија сметаат дека пристапот на Велика Британија во преговорите околу Брегзит е конфузен и хаотичен, се наведува во  документ на Владата на Ирска, кој излезе во јавност.

Ирската телевизија РТЕ објави детали од доверлив документ на Министерството за надворешни работи во кој има извештаи на ирски дипломати од земји членки на ЕУ.
Во еден од нив се цитира заменик чешкиот министер за надворешни работи Јакуб Дур кој вели дека му е „жал за британските амбасадори во ЕУ кои се обидуваат да пренесат кохерентна порака, додека дома имаат политички хаос“.

Претставник на летонската Влада вели дека „најголем проблем е политичката состојба во Владата на Велика Британија“.

Британскиот судија во Европскиот суд на правдата Јан Форестер наводно на состанок во Луксембург рекол дека жали поради „квалитетот на политичарите во Вестминистер“ и дека прашува дали британската јавност смета дека Брегзит е „голема грешка“.
Министерството за надворешни работи на Ирска одби да го коментира извештајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...