Ердоган за првпат во официјална посета на Судан

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оствари средба со суданскиот претседател Омар ал Бешир, каде се наоѓа во дводневна работна посета.
Ердоган, кој по првпат се наоѓа во официјална посета на Судан, во рамки на регионалната турнеја утре ќе отпатува и во Чад и Тунис.



- Потпишавме 12 договори за соработка во областа на земјоделството, економијата и војската, како и договор за формирање Совет за стратешка соработка, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со Ал Бешир.
Односот со Судан, Ердоган го оквалификува како стратешки и дополни дека двете држави планираат да ја зголемат трговската размена од сегашните 500 милиони на една милијарда годишно.
- Тоа е историска посета, истакна суданскиот претседател и истакна дека тоа е прва посета на еден турски претседател на Судан.

Против Бешир е издадена меѓународна потерница и налог за апсење, откако Кривичниот суд во 2009 година го обвини за геноцид, воени и злосторства против човештвото во граѓанската војна во Дарфур, на западот на Судан, каде од 2003 година настрадаа 330.000 луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...