Тројца работници починаа, а уште еден е во критична состојба, откако вдишале отровни гасови за време на работа во металуршка фабрика во Милано.
Според весникот „Република“ вкупно шест мажи биле пронајдени во несвест, откако ја чистеле внатрешноста на печка за челик.
Засега не е позната причината за несреќата која се случила при рутинска активност.
Италијанскиот премиер Паоло Џентилони изјави дека тоа што се случило е „ужасен инцидент“ и на Твитер изрази сочувство до роднините на настраданите.