Лавров: Предупредивме на „црвените линии“ во Сирија

 Рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност да се сретне со американскиот колега Доналд Трамп, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за „Спутник“.

- Претседателот Путин е подготвен за таков состанок, потенцираше Лавров.
Тој дополни дека организациската подготовка на Самитот не е почната.

Русија и коалицијата предводена од САД имаа контакти на ниво на воени ресори, набрзо пред американските ракетни напади во Сирија. Тогаш Москва предупреди нападите на кои реони ќе бидат „црвена линија за Москва“, појасни рускиот министер.

- Пред реализацијата на плановите за изведување напади на западната тројка, началникот на Генералштабот на оружените сили на Русија Валериј Герасимов јасно кажа дека доколку некои акции на т.н. коалиција нанесат штета на руски војници, јасно и остро ќе одговориме. Притоа, ќе ги сметаме за легитимни цели не само ракетите, туку и системите од кои се истрелани. Тоа беше кажано јасно и недвосмислено, потенцираше Лавров.
Шефот на руската дипломатија наведе дека потоа биле одржани контакти на ниво на воени раководства, на ниво на генерали и меѓу руските претставници и командата на американската коалиција.

- Тие беа информирани каде се нашите „црвени линии“, вклучувајќи и на „земја“, географски. Во секој случај, резултатите покажаа дека тие не ги преминаа „црвените линии“, појасни Лавров.
Руската војска претстави докази дека сириски ПВО соборил дел од ракетите истрелани од САД, Велика Британија и Франција.

Што се однесува на претстојниот самит меѓу американскиот претседател и неговиот севернокорејски колега Ким Џонг-ун, Лавров истакна дека Москва им посакува успех.

- Ние ги поздравуваме и меѓукорејскиот Самит во април и американско-севернокорејскиот, за кој Трамп рече дека ќе биде во мај или јуни, истакна Лавров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...