Расмусен: Русија ако сака може да ја окупира Украина за неколку дена

Берлин, 7 јуни 2018 (МИА) - Во случај на воен судир меѓу Русија и Украина, украинските сили би биле поразени за неколку дена, оцени поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, кој во моментов е советник на украинскиот претседател Петро Порошенко.
- Ако Русија сака, руските сили би можеле да ја окупираат Украина за неколку дена, иако изминативе две-три години Украина значително го зајакна својот воен потенцијал како одговор на нападот на нејзината територија, изјави Расмусен во инетрвју за германскиот весник „Велт“.
Тој оценува дека иако нема сомнеж оти земјите членки на НАТО се подготвени да се справат со „моќен напад на руските тенкови“, сепак, според него, најдобар начин за одржување на мирот е одвраќање на потенцијалниот противник.
Расмусен смета дека Русија може да му се придружи на НАТО во кој било момент доколку ги испони неопходните критериуми.
- НАТО меѓутоа досега не доби најава за нешто такво од Москва, а да бидем искрен мислам и дека ништо нема да се промени ниту во блиска иднина, нагласува Расмусен во интервјуто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...