„Паис“: На Хавиер Солана му е забранет влез во САД

САД му забранија влез во земјата на Хавиер Солана, поранешен генерален секретар на НАТО и екс министер за надворешни работи на Шпанија, поради патување во Иран, една од земјите, која американскиот претседател Доналд Трамп ја стави на својата „црна листа".



На Солана, кој треба да одржи говор во институтот Брукингс во Вашингтон, му е одбиена американската виза преку електронскиот систем „поради посета на непријателска држава", пишува шпанскиот весник „Паис".
Солана последен пат го посети Иран во 2013 година, кога оствари средба со претседателот Хасан Рохани.

Извори од американската амбасада во Мадрид не сакаа да го коментираат случајот за „Паис", но прецизираа дека американскиот електронски систем за авторизација на патувањата (ЕСТА) автоматски ги отфрла барањата на луѓето, кои посетиле која било од седумте земји погодени од забраната за патување во САД.
Тие земји се Ирак, Сирија, Иран, Судан, Либија, Сомалија и Јемен.

Солана во разговор за „Паис" го негираше инцидентот и потврди дека е во процес на добивање виза. Солана беше генерален секретар на НАТО од 1995 до 1999 година.
По завршувањето на мандатот, Солана стана генерален секретар на Западноевропската унија, а потоа генерален секретар на Советот на Европската унија, а наскоро потоа, ја доби функцијата Висок претставник за надворешна и безбедносна политика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...