Земан: Новинарите се како досадни оси кои треба да се згмечат

Претседателот на Чешка Милош Земан именуваше нови судии и нов министер за правда, кои јавно ги советуваше дека кон новинарите треба да се однесуваат како кон досадни оси, кои треба да се згмечат.

- Сакам да ве предупредам да не подлегнувате на илузијата дека новинарите ви се восхитуваат, во вас гледаат медиумски ѕвезди. Не. Сакаат од вас да извлечат информации за себе, често таблоидите, а тоа никогаш не е добро. Новинарите се нешто како оси кои ќе кружат околу вас. Настојувајте да ги згмечите, но внимавајте да не ве боцне осилото, изјави чешкиот претседател.
Земан, покрај новите 40 судии, неочекувано именуваше и министер за правда, досегашниот потпретседател на Легислативниот совет на владата Јан Књежинек, бидејќи досегашната министерка Татјана Мала под притисок на стручните правни кругови и медиуми поднесе оставка, кога се покажа дека делови од нејзините два доктората, се плагијати.

Премиерот Андреј Бабиш соопшти дека по оставката на Мала тој самиот ќе го преземе ресорот правда додека не најде нов министер, меѓутоа, по предупредувањето на медиумите дека е незамисливо министерот за правда, дури и привремено, да биде човек под кривична истрага за злоупотреба на евро дотација, како Бабиш, и жестоките протести на опозицијата дека Чешка станува Апсурдистан и некаков Бабишистан, Бабиш се предомисли.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...