Брисел блокиран поради Самитот на НАТО

 Брисел е целосно подготвен за вториот ден на средбата на врвот на НАТО, за чија безбедност се грижат 2.400 полицајци и 1.000 војници, распоредени на секои 100 метри долж патот од центарот до аеродромот.

Локалните медиуми информираат дека кај граѓаните постои големо незадоволство од безбедносните мерки, поради кои многумина ги пропуштиле летовите или договорените средби.

Властите не објавија однапред какави ќе бидат импликациите за вообичаениот живот на градот поради безбедносни мерки.

Поминувањето на растојанието, кое обично трае околу десет минути, вчера траеше околу два часа. Во градот има 55 делегации и над 30 шефови на држави или влади.
Според безбедносните служби, подготвената операција е невидена во Белгија најмалку 20 години и во неа се вклучени сите сили во земјата.

Граѓаните се незадоволни, бидејќи политичарите треба да им служат наместо да придонесуваат за вознемирување на нивните животи. Тие забележуваат дека и покрај плаќањето даноци и исполнувањето на нивните граѓански обврски, не можат да се движат во нивниот сопствен град.

Од гледна точка на полицијата ситуацијата не е полесна поради постојаната промена на распоредот на разните состаноци закажани на различни места. Тоа бара итно поместување на бетонски блокови, со кои се попречуваат патиштата.

Воздушниот простор над Брисел е под постојана безбедност на полициските хеликоптери од почетокот на неделата за да се обезбеди движење не само на лидерите на НАТО, туку и на нивните сопружници за кои е обезбедена посебна забавна програма.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Решил мажот да провери дали жена му го изневерува, па ја прашува:
- Жено, знаеш ли ти дека во зградава имаме жена што мажот никогаш не го изневерила?
- Не зафркавај, која...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Ден на македонското новинарство
1600.- По пресудата на инквизицијата на...
1653.- Роден е Арканџело Корели, италијански...
1673.- Умре Жан Батист Поклен Молиер, француски...