Италијанската полиција заплени 300 килограми марихуана пристигната од Албанија

Моторен чамец натоверен со околу 300 килограми марихуана запленила синоќа италијанската полиција во пристанишниот град Бари.



Чамецот, кој според медиумите тргнал од албанскиот брег, го управувал 26-годишен италијански државјанин, кој е уапсен. Според италијанската полиција вредноста на дрогата на нарко пазарот би достигнала вредност од три милиони евра.

Првичните информации говорат дека чамецот со дрогата требало да пристигне во Пулија, бидејќи во овој период од годината можноста за продажба на истата е поголема поради големиот број летувалци.

Деновиве италијанската полиција кај Лече заплени тон марихуана пристигната од Албанија и упаси двајца албански и еден италијански државјанин. Нејзината вредност се проценува на 10 милиони евра.

Инаку, од почетокот на годинава италијанската полиција на повеќе приморски места заплени околу 20 тони марихуана, пристигната со моторни чамци од Албанија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...