Руските дипломати протерани од Грција се обиделе да се инфилтрираат во разузнавањето

Додека грчката Влада очекува реакција на Москва по протерувањето на двајца руски дипломати и забраната за влез во земјата на други двајца поради мешање во внатрешните работи, се појавија нови детали околу обидите на руски дипломати да го наметнат влијанието на Москва во северна Грција, објави весникот „Катимерини“.

Во написот се наведува дека тие руски дипломати не само што се обиделе да поткупат претставници на црквата и на локалните власти во обид да го поткопаат договорот за името меѓу Атина и Скопје, туку и се обиделе да се инфилтрираат во Грчката разузнавачка служба и во вооружените сили на земјата. Според сознанија на „Катимерини“, направени се обиди да се поткупат поранешен разузнавач и претставници на армијата.
Според владини извори, обидите на Русија да го прошири своето влијание во северна Грција почнале пред одредено време и вклучувале учеството на етнички Грк, кој се преселил во земјата по распадот на Советскиот Сојуз.

Создавањето на културни групи и други активности биле дел од големата кампања на Русија да го прошири своето влијание во регионот, кое, според Москва, би било нарушено со договорот за името, наведува грчкиот весник.
Се уште не е познато какви мерки ќе преземе Русија како одговор на протерувањето на дипломатите, посочува „Катимерини" и забележува дека тоа е една од најголемите дипломатски кризи во последните години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...