Брисел: Британските тајни служби „упаднале“ во белгискиот телеком

Брисел, 20 септември 2018 (МИА) - Британската служба за електронско разузнавање ГЦХК во текот на 2013 година извршила упад во мрежата на белгиската државна телекомуникациска компанија „Белгаком“, се тврди во таен извештај на Јавното обвинителство на Белгија доставен до белгиското Министерство за правда.
Како што јавија белгиските медиуми, кои објавуваат делови од извештајот, британските разузнавачи упаднале во системот на „Белгаком“ и со вирус ги инфицирале компјутерите на раководните лица на компанијата и на службениците задолжени за техничка поддршка и безбедност.
Според сознанијата на Обвинителството, упадот бил извршен преку платформата Линкедин.
Обвинителството го открило упадот благодарение на податоците што ги објави поранешниот соработник на американското разунавање Едвард Сноуден.
Наредбата за ваквата операција била издадена од „многу висока позиција, најверојатно од британскиот министер за внатрешни работи“, се тврди во извештајот.
Последниве години во неколку наврати беше соопштено дека се забележани упади во електронските системи на белгискиот премиер и министерствата за надворешни работи и одбрана на Белгија, како на „Белгаком“.
Во некои од овие извештаи беше посочувано дека упадите се дело на американската Агенција на национална бебзедност (НСА), за која се тврдеше дека во соработка со британските разинавачи, ги следела и комуникациите на германската канцеларка Ангела Меркел, на поранешниот француски претседател Никола Саркози, екс-генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, некогашниот италијански премиер Силвио Берлускони и на актуелниот прв човек на израелската Влада, Бенјамин Нетанјаху.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...