Италија ќе започне воена мисија во Нигер заради контрола на миграцијата

Рим, 21 септември 2018 (МИА) - Италијанската воена мисија во Нигер, која ќе помага да се контролираат миграциските текови, конечно ќе почне, осум месеци откако беше усвоена од страна на парламентот на Италија, соопшти министерката за одбрана Елизабета Трента.
„По осум месеци ќорсокак, ја одблокиравме мисијата во Нигер за контрола на миграциските текови", напиша Трента на Фејсбук, без да прецизира зошто ситуацијата била блокирана и што ја одблокирало, пренесува БТА.
- Италија ќе дејствува во поддршка на владата на Нигер и ќе им помага на локалните власти преку групи за обука на нигерските сили за засилување на контролата на територијата, изјави Трента, без да соопшти кога започнува мисијата.
- Целта е да се бориме заедно против трговијата со луѓе и шверцот на мигрантите кои минуваат низ земјата на патот кон Либија, од каде поаѓаат кон нашите брегови, рече таа.
Според планот, во италијанската мисија првично ќе има 120 војници и нивниот број постепено ќе се зголеми до 470.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...