Истрага за продажба на месо од болни говеда во Полска

Полското државно обвинителство во градот Остролека, северно од Варшава, почна истрага за колење и дистрибуција на болни говеда во локална кланица, по телевизиски извештај на новинар кој се вработил таму.



Откако бил известен за случајот, европскиот комесар за здравје и прехранбена безбедност Витенис Андриукаитис најави инспекција во кланицата и ги повика полските власти да обезбедат почитување на европските прописи од таа област, затоа што Полска е голем извозник на месо во Европа.

Новинар од телевизијата ТВН 24 поминал три недели во кланица во Калиново, стотина километри североисточно од Варшава, каде снимил, а потоа и објавил вознемирувачки снимки од говеда, видно болни кои со јаже околу вратот ги тегнат во кланицата, стиснати во камион, а потоа и трупови на куп и парчиња месо очигледно несоодветно за пласирање на пазарот, пренесува Ал Џезира Балканс.

– Внимателно го следам случајот и побарав од инспекторот во мојот тим веќе в понеделник да замине за Полска и да направи проценка на состојбата на терен, наведува Андриукаитис во соопштение. Тој истакнува дека е најважно да се влезе во трагата на сите добавувачи на месо од таа кланица и негово повлекување од пазарот.

Комесарот ги повика земјите членки кои би можеле да бидат поврзани со случајот, брзо да дејствуваат, а од полските власти побара што е можно побрзо да ги завршат своите истраги и да донесат неопходни мерки за да гарантираат почитување на европските прописи и да ги санкционираат извршителите на тие „криминални дела“ кои се опасни за јавното здравје.

Словачките власти вчера соопштија дека откриле најмалку три шлепери со говедско месо увезено од соседна Полска за кое претпоставуваат дека би можела да доаѓа од кланицата во Калиново.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...