Десет жртви во Париз, едно лице уапсено под сомнеж дека го предизвикало пожарот

Бројот на загинати при пожарот во станбена зграда во Париз се зголеми на десет лица, 30-на други се повредени, меѓу кои има и шестмина пожарникари, јави дописникот на МИА.

Едно од повредените лица се наоѓа во животна опасност. Според јавниот обвинител Реми Хеиц, некои од загинатите паднале од зградата, додека некои се пронајдени во опожарените станови. Огнот е изгаснат, но операцијата на пожарникарите и истражните органи се уште е во тек. Во гаснење на пожарот биле ангажирани 250 пожарникари. Можно е билансот на жртвите да се зголеми, бидејќи моментно се испитуваат последните катови на зградата, каде пожарот бил најсилен.

Причината за инцидентот се уште не е позната, но истражните органи сметаат дека станува збор за намерно подметнат пожар.

Една 41-годишна жена е притворена утрово во рамки на истрагата која се води за намерно уништувања на добра со подметнување пожар и предизвикување смртни последици. Жената, според помошник градоначалникот на Париз Емануел Грегуар, била во „алкохолизирана состојба“ и го оправдала својот чин со конфликтот што го имала со својот сосед.

Зградата е изградена во 70-те години на минатиот век, а жителите за да се спасат побегнале на покривот, од каде беа симнати со помош на пожарникарите. Педесетина лица се евакуирани, исто како и соседните згради, кои се наоѓаат во овој луксузен дел на Париз.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...