„Специјално место во пеколот“ за оние кои инсистираат за Брегзит без соодветен план

Тие кои инсистираат за Брегзит без соодветен план заслужуваат „специјално место во пеколот“. Се прашувам какво посебно место е определено во пеколот за тие кои немаат ниту план како да го постигнат Брегзит, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на прес-конференција по состанокот со премиерот на Ирска, Лео Варадкар.

Туск посочи дека Европската унија нема да даде нов предлог за Брегзит. Тој повтори дека договорот за излез на Обединетото Кралство од Унијата не е предмет на натамошни преговори.

Претседателот на Европскиот совет, исто така, рече дека ирската граница е главен приоритет и појасни дека нема да има краен рок за механизмот на претпазливост.

– Се надевам дека ќе слушнам реални предлози од британската премиерка Тереза Мај за тоа како да се стави крај на безизлезот, истакна Туск.

Утре во Брисел, Меј ќе се сретне со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Според Туск, најважната задача е да се спречи сценарио на Брегзит без договор. Но, тој посочи дека ЕУ се подготвува за „најверојатно фијаско“, што може да се случи ако Велика Британија излезе без договор.

– Силно верувам дека се уште е можно да се најде заедничко решение, додаде Туск.

Тој смета дека сите во Европа сакаат Велика Британија да ја смени својата позиција. Туск исто така се надева дека Лондон ќе остане во ЕУ, но, како што вели, денес нема политичка моќ и нема ефективно лидерство Велика Британија да остане во ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...