Лавров: САД да се воздржат од употреба на сила во Венецуела

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги предупреди американскиот државен секретар Мајк Помпео дека Русија е против употреба на сила во Венецуела.



Како што соопшти руското Министерство за надворешни работи, Лавров во телефонски разговор со Помпео нагласил дека Русија е против какво било мешање во внатрешните работи на Венецуела, вклучително и употреба на сила „со што се заканува Вашингтон, кршејќи го меѓународното право“.

Двајцата шефови на дипломатии разговарале и за западните санкции воведени кон Русија поради труењето на рускиот разузнувач Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија, при што Лаворв нагласил дека ваквиот „неоправдан потег“ од страна на Западот само ги влошува меѓусебните односи и атмосферата на глобалната сцена.

Во соопштението се посочува и дека Лавров и Помпео разговарале и за состојбата во Сирија, при што се согласиле дека е неопходен дијалог за имплементација на Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН, која се однесува на напорите за постигнување мир во оваа блискоисточна земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...