Макрон ќе објави одговор на барањата на „Жолтите елеци“

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска треба да ги објави првите мерки кои планира да ги преземе по националниот консултативен процес што го започна како одговор на движењето на „Жолтите елеци“.



Кабинетот на Макрон соопшти дека тој ќе и се обрати на нацијата во 20 часот по локално време. Центристичкиот претседател, кој сака да ги придобие медиумите, утре во Елисејската палата ќе одржи и прес-конференција за домашни прашања, што е реткост. Тој на оваа прес конференција, која ја одржува првпат од почетокот на неговиот петгодишен мандат во 2017 година, детално ќе ги објасни мерките кои вечерва ќе ги објави.

„Големата национална дебата“, која траеше од јануари до март, вклучуваше повеќе од 10.000 локални состаноци, како и 16.337 „книги за поплаки“ во градските собранија низ целата земја.

Повеќе од 500.000 луѓе дале предлози за политика и на Интернет страница креирана за оваа цел.

Премиерот Едуард Филип, како одговор на дебатата, вети намалување на даноците и јавните трошоци, но левичарската опозиција го обвини за партиска интерпретација на резултатите.

Движењето Жолти елеци првично беше против планираното зголемување на данокот на гориво, но покрена пошироки барања за пониски даноци, повисоки плати и подиректна демократија. Протестите секоја сабота ги одбележаа судири со полицијата во Париз и во други градови, а бројката на луѓето кои протестираат, според владини проценки, постепено падна од 280.000 колку што учествуваа на првите протести во ноември, до 31.000 за време на викендот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...