Џонсон убедлив во вториот круг, Раб испадна од трката

Лондон, 19 јуни 2019 (MIA) – Поранешниот шеф на британската дипломатија и некогашен градоначалник на Лондон, Борис Џонсон освои вчера најмногу гласови во вториот круг од изборите за нов лидер на Конзервативната партија и иден премиер на Британија.

Џонсон, кој се смета за фаворит во трката за наследник на премиерката Тереза Меј, освои 126 гласови од конзервативните пратеници, 12 повеќе отколку во првиот круг од гласањето.

На второ место се наоѓа актуелниот министер за надворешни рабори Џереми Хант со 46 гласови, а на трето место е министерот за животна средина Мајкл Гув, кој доби 41 глас од конзервативците. По нив следуваат министерот за меѓународен развој Рори Стјуарт со 37 гласови и министерот за внатрешни работи Саџид Џавид со 33 добиени гласови.

Од друга страна, поранешниот министер за Брегзит, Доминик Раб е елиминиран со 30 гласови, со што не успеал да го премине потребниот цензус од најмалку 33 гласови.

Гласањето ќе продолжи во текот на неделава, се додека во трката не останат двајцата најдобро пласирани кандидата, за кои ќе се изјаснуваат 160.000 членови на Конзервативната партија почнувајќи од 22 јуни, а се очекува победникот да биде прогласен еден месец подоцна. гт/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...