Макрон: Ќе ја поддржам Меркел како претседател на ЕК ако се кандидира

Париз, 21 јуни 2019 (МИА) – Претседателот на Франција Емануел Макрон изјави дека ќе ја поддржи кандидатурата на германската канцеларка Ангела Меркел за претседател на Европската комисија, ако таа се кандидира. Тој тоа го рекол на брифинг по завршувањето на првиот ден од самитот на ЕУ, на кој лидерите не успеаја да се договорат кој да го замени Жан Клод Јункер на раководното место.

-Немам ништо против кандидатура од Германија. Сум го кажал тоа и не се шегувам. Ако канцеларката биде кандидат, јас би ја поддржал, бидејќи сметам дека таа располага со квалитети и вештини да биде многу добар претседател на комисијата, изјави Макрон.

-Но, таа не го сака тоа, и длабоко ја почитувам нејзината одлука, додаде тој.

Францускиот претседател води кампања за блокирање на кандидатот на Меркел, Манфред Вебер, кој е заменик-претседател на баварската партија Христијанско социјалната унија (ЦСУ).

Меркел изрази загриженост поради недостиг на јасно мнозинство за Вебер, како меѓу лидерите на ЕУ, така и во Европскиот парламент. ир/гт/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...