Брегзит: Последен ден преговори пред клучниот ЕУ Самит

Европските и британските преговарачи и покрај цело вечерните разговори, не успеаја да остварат напредок во преговорите за Брегзит. Разговорите ќе продолжат и во текот на денешниот ден, со цел да се дојде до решение пред утрешниот Самит на ЕУ.



Британскиот премиер Борис Џонсон се очекува да го информира кабинетот за текот на разговорите, кои продолжија рано изутрина. Европскиот преговарач Мишел Барние во текот на денот ќе ги информира еврокомесарите и евроамбасадорите за текот на разговорите.

Синоќа беше соопштено дека наводно била надмината главната пречка околу ирската граница. Функционери од Европската унија, кои имаат пристап до информациите за преговорите за Брегзит, синоќа информираат дека најголемата пречка за постигнување договор е „речиси решена“. Изворите од ЕУ велат дека главниот преговарач на ЕУ Мишел Барние рекол дека Ирското Море ќе биде царинска граница меѓу Унијата и Велика Британија, со што ќе се избегне видлива копнена граница на ирскиот остров.

Даунинг стрит 10 синоќешните разговори ги оцени како „конструктивни“, информирајќи дека одреден прогрес бил постигнат, јави Би Би Си.

Преговарачките тимови од ЕУ и Велика Британија во Брисел разговараа со цел да се постигне договор за Брегзит, кој е предвиден за 31 октомври, со цел по излегувањето од Унијата, идните односи меѓу Лондон и Брисел да бидат соодветно уредени.

Џонсон сега е во трка со времето со цел да постигне нов договор за Брегзит пред дводневниот Самит. Доколку биде постигнат договор, тој треба денеска да биде објавен, заедно со соодветен правен текст, доколку се сака 27-те членки на ЕУ да го ратификуваат на Самитот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...